Санкционирани се 19 возачи во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
За време на контролата, информираа денеска од МВР, биле санкционирани и 28 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.