На територијата на СВР Штип во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол при што се санкционирани 22 возачи.
Од МВР денеска најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.