Како да се ослободите од стресот? Ова можеби е најчесто поставуваното прашање во последно време како последица на брзото и динамично секојдневие.
Како одговор на стресот, нашето тело го придвижува природниот механизам на заштита. Но, ако тој механизам работи постојано, тоа може да му наштети на нашето здравје, затоа преземете нешто за да го исфрлите стресот од вашиот живот.
Надбубрежните жлезди се наоѓаат веднаш над бубрезите и се состојат од два дела – кора и срж. Главната функција на надбубрежните жлезди е регулација на одговорот на стресот со помош на синтеза на хормоните на стресот – кортизол и адреналин.
Кога нервниот систем чувствува психичка или физичка опасност, надбубрежните жлезди почнуваат да испуштаат адреналин и норадреналин во крвта.
Хормоните на стресот веднаш ги стегаат крвните садови и го креваат крвниот притисок.
Одморете се
Порано одете на спиење. Можеби ќе ви бидат потребни девет часа спиење, а некогаш и повеќе, но не е важно. Добриот сон не е трошење време. Ништо неможе да го замени квалитетниот одмор.
Смејте се
Смеата е најдобар лек. Гледајте комедии, ако треба секој ден! Изберете друштво од оптимистични луше. Намалете го на минимум гледањето вознемирувачки содржини на ТВ и интернет.
Вежбајте
Пешачење, јога, вежбите за дишење поволно делуваат на работата на надбубрежните жлезди. Избегнувајте исцрпувачки вежби и пијте доволно вода.
Земете годишен одмор
Ако е можно, немојте со себе да го носите мобилниот телефон. За време на одморот уживајте во природа со вашите блиски.