Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, имал работен ручек со амбасадори на земјите-членки на Вишеградската група, во организација на словачкиот амбасадор во Р. Македонија, Хенрик Маркуш.

На средбата, како што соопштија денеска од АД Електрани на Македонија, присуствувале амбасадорите на земјите-членки на Вишеградската група, акредитирани во нашата земја: амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клеин, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски.

Со амбасадорите на В4 -земјите, се разговарало за билатералната соработка, особено за поддршката што ја има Македонија од овие земји, а биле разменети искуства за справувањето со енергетската криза, начините на справување со енергетските и економски предизвици, како и планираните инвестиции, и развојот на енергетскиот сектор.

– Заеднички е оценето дека сите отворени билатерални прашања треба да се решаваат во европски дух и низ принципите на европските вредности, стои во соопштението од од АД Електрани на Македонија.

Директорот Ковачевски изразил благодарност за искреното пријателство и големата поддршка што ја добива Македонија од В4-земјите.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2022 12:38