Во атарот на село Владевци, Струмичко, денеска околу 13:30 часот изгоре комбајн.

Според информациите од ТППЕ Струмица, комбајнот се самозапалил кога преминувал преку канал на патот, а во гаснењето учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Пожарот бил изгаснат за кратко време по пристигнувањето на пожарникарите и не е дозволено огнот да се прошири наоколу.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2022 03:42