Во Скопје денеска ќе се одржи визионерска работилница со претставници од бизнис секторот, која е дел од процесот за поддршка на развојот на Националната развојна стратегија на Македонија за наредните 20 години.

Како што соопштија од УНДП, на работилницата најавено е видео обраќање на Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, а ќе говорат Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП и Дриљон Исени, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија и претседавач на Платформата за јавно-приватен дијалог.

Во дискусијата ќе учествуваат претставници од стопанските комори од државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2022 09:16