Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 17.40 часот ја привеле 26-годишната М.Ј. од тетовско Горно Палчиште, која се барала со судска наредба за издржување затворска казна.
Како што информираат денеска од МВР, М.Ј. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.