Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 14 до 19 часот спровело зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 121 возач.
Од нив, како што посочуваат од МВР, 32 на територијата на СВР Тетово, 29 на територија на СВР Охрид, 18 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Битола… За време на контролата биле санкционирани и 142 останати прекршоци.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.