Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје изрече вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции.
Изречени се и 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), по шест за користење мобилен телефон при возење и за непрописно престројување на возила, четири мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови со апел до граѓаните за почитување насообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.