Шведската музичка стрим-платформа „Спотифај“ вчера соопшти дека бележи 23 милиони нови месечни активни корисници, што е, како што се наведува, најголемиот раст на компанијата во третото тримесечје досега, а тоа – и покрај економската неизвесност.

Бројот претплатници се зголемил од 188 милиони во вториот квартал на 195 милиони, т.е. над очекувањата на компанијата. До крајот на годината, платформата планира 479 милиони месечни активни корисници, вклучувајќи и 202 милиони претплатници.

Вкупните приходи на „Спотифај“ се зголемени за 21 отсто на годишно ниво, на 3,04 милијарди евра во третото тримесечје.

Од друга страна, растот на приходите од рекламите значително забави, „со оглед на предизвикувачкото макро-опкружување“, соопшти компанијата, зголемувајќи се за 19 отсто, на 385 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2022 09:11