Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе биде отворена изложбата „Дипломатија и уметност – II дел“.
Изложбата вклучува 22 оригинални творби на бугарски уметници и е дел од колекцијата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
Изложбата е во организација на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и е посветена на 30-годишнината од признавањето на независноста на Република Македонија.