Во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, вечерва во 19 часот ќе биде отворена ликовната изложба насловена „Маргинална уметност“ којашто се организира од страна на Центарот за креативни индустрии – НЕБО.

Како што информираат организаторите, изложбата ќе биде отворена до 2 ноември до кога љубителите на ликовната уметност ќе имаат ретка можност да ја погледнат првата македонска изложба на “брут арт” ликовни дела на штитеници на Психијатриската болница во Демир Хисар.

Изложбата е резултат на соработката меѓу ЦКИ-НЕБО и Психијатриската болница од Демир Хисар и истата е финансиски поддржана од страна на Министерството за култура, преку конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес за 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2022 09:31