Денес со екипите на ЈП Улици и Патишта отпочнавме со работа на локација во населбата Даме Груев.
Стартуваа подготвителните работи за расчистување и тампонирање по што ќе следи асфалтирање на краците.
Крак од ул. Антон Кецкаров, еден од најстарите делови на населбата, вкупната површина за работа е приближно 700 метри квадратни.
Се решава децениски проблем на жителите на ова место, како и проблемот со поплави при поројни дождови.