Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ под диригентската палка на Бурим Хидри, настапи во Кикинда и Нови Сад, во соседна Србија.

Според диригентот на хорот Хидри, изборот на композициите и енергичната изведба на хористите се уште една потврда дека продолжуваат да ја негуваат хорската традиција и да бидат вистински репрезент, амбасадор на градот и државата.

Покрај охридскиот хор, настапи имале и „Атендите“ од Кикинда и мешаниот хор при КУД „Светозар Марковиќ“ од Нови Сад.

Вечерите исполнети со позитивна енергија биле надополнети со заедничка изведба на трите хорови на македонските песни „Елено ќерко“ и „Линхида кајче веслаше“.

Охридскиот градски хор има 57-годишна традиција, а од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос“ и е предводен од диригентот Бурим Хидри. Редовно одржуваат годишни концерти, настапуваат на хорски фестивали низ Македонија, но и во странство, каде имаат освоено бројни награди и признанија. Годинава по четврти пат го организираа Меѓународниот хоркси фестивал „Гласот на Охрид“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2022 10:38