Полициски службеници на СВР Тетово вчера го привеле А.А.(25) од тетовско Јеловјане, кој е осомничен дека во текот на минатиот и овој месец извршил повеќе кражби на гориво од возила.

Од А.А. биле одземени две канти со гориво за кои постои сомнение дека потекнуваат од пријавените кривични дела. По целосно расчистување и документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. поднесок, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2022 12:31