Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 17-годишник од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.

Пријавениот, во периодот од 18.10. до 20.10.2022 во Струга, со насилно отворање влезни врати, извршил тешки кражби во повеќе објекти од каде одзел техничка стока, пари, предмети, музички инструменти, облека и слично.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2022 06:11