Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за непочитување на првенство на минување.

Како што соопшти МВР, изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци…

МВР потсетува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2022 09:14