Најновите надградби на „ИОС“, „Ајпад-ОС“, „ТВ-ОС“ и „Мац-ОС“ носат поддршка за осовременетите и модернизирани „Нинтендо“ ретро-џојстици.

„Епл“, претходно оваа година, објави повеќе подобрувања за видеоигри што доаѓаат со „ИОС 16“, коишто вклучуваат поддршка за „Нинтендо Џој-кон“. Сега може тие да се користат и во комбинација со „Ајфон“, „Ајпад“, „Мекинтош“, па и „Епл ТВ“. Развивачот Стивен Тротон-Смит открива дека „ИОС 16.1“ и „ТВ-ОС 16.1“ веќе го поддржуваат џојстикот на „Нинтендо СНЕС свич“, што всушност е современа верзија на „Нинтендо“-класиката, којашто сега има безжично поврзување и „УСБ-Ц“ влез за полнење.

Електронската продавница за апликации на „Епл“ не поддржува тн. непреносни „емулатор“ видеоигри, така што џојстикот може да се користи за други наслови во „Ап стор“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2022 13:23