Луѓето денес, поради совремието што доведе до тоа – потребата за движење да биде сѐ помала, стануваат и сѐ помалку физички активни. Во таа смисла, новите паметни часовници „Галакси вач 5“ и „Вач 5 про“ претставуват здравствена иновација опремена со паметно следење на вежбањето, спиењето и секојдневните здравствени и здрави навики.

Она што човекот мора да го прави и треба да внимава е да го загрее телото најмалку пет до десет минути пред секое вежбање, бидејќи многу повреди настануваат токму поради тоа што не е соодветно подготвено. Колку е постудено надвор, толку повеќе време ќе треба телото да се загрева пред каква било активност. Со часовникот, сега може да се следат здравствените параметри со уште поголема прецизност.

Часовниците ги има во повеќе бои, со дисплеј од 44 милиметри достапен во темносива, сафирна и сребрена боја и помал екран од 40 мм. – темносив, розово-златен и сребрен со виолетов ремен. За оние кои трагаат по авантура, издржливост и нешто поинаков стил, има и црн часовник со екран од 45 мм.

Кога е време за одмор, пак, алатките ги покажуваат отчукувањата на срцето по интензивно вежбање, како и приспособени препораки за водата врз основа на губењето пот. Добриот одмор е важен за општата благосостојба, па податоците на часовникот им помагаат на корисниците и за подобар сон.

Серијата паметни часовници „Вач 5“ има можност за поврзување со некои од најновите телефони со преклопување.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2022 14:04