Првиот електричен автомобил произведен во Турција ќе биде на патиштата во првиот квартал од идната година, најави претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Како што пренесе Анадолија, Ердоган изрази надеж дека првиот турски електричен автомобил „ТОГГ“, ќе биде на патиштата во многу држави ширум светот, како престижен бренд од Турција.

Ердоган присуствуваше на свечената церемонија по повод отворање на комплексот, за сериско производство на турскиот електричен автомобил.

– Проектот е насловен „ТОГГ“, што мотивира, сите да уживаме во овој заеднички сон, за големата иднина на нашата држава, нагласи Ердоган.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2022 10:20