Во текот на вчерашниот ден беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваа возила под дејство на алкохол. На територија на СВР Штип се санкционирани 20 возачи, додека на територијата на СВР Тетово изречени се казни за 19 возачи.

-Во периодот од 22:00 до 04:00 часот на подрачјето на СВР Штип е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 20 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На подрачјето на СВР Тетово се санкционирани 19 возачи од кои 14 се од Тетово, а пет од Гостивар.

-На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци и исклучени се од сообраќај. Во акциската контрола, исто така, биле санкционирани и 15 други видови сообраќајни прекршоци, информира МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2022 02:24