Во Битола денеска свечено ќе биде отворено второто издание на Фестивалот на малата школа на краткиот филм, вклучен во програмата за одбележување на 4-ти Ноември – денот на ослободувањето на Битола.

Организатор на фестивалот се здружението Ај Ај ВО/ МФФ Нанси, кое веќе 18 години го организира Меѓународниот филмски фестивал во Нанси секоја година на крајот на август – почетокот на септември, додека во текот на целата година спроведува работа на едукација за филмот и средби околу киното, меѓу младата публика, пред се, за ученици од основните училишта. Фестивалот на Petite école du film court (Малата школа на краткиот филм) оваа година се очекува да пречека над илјада деца во Нанси и 192 деца во Везелис.

По втор пат и децата од Македонија ќе можат да имаат корист од овој детски фестивал, особено во Битола и битолските села, со големо ангажирање на Центарот за култура на Битола, кој е коорганизатор и домаќин на фестивалот. Првото издание се одржа во 2019 година, но по пауза од две гфодини поради пандемијата со Ковид-19, второто издание се одржува годинава.

Фестивалот започнува изутринава со проекции во училиштето во село Гермијан, каде ќе се приклучат и учениците од село Бач. Потоа во 18 часот е свеченото отворање, проследено со специјална програма на краткометражни филмови наменети за деца и семејства. Потоа фестивалот ќе патува во основните училишта во Новаци и Могила, по што на крајот на неделата се враќа во Битола.

-Овој настан е наменет за најмладите започнувајќи од забавиште се до учениците од девтто одделение. Вклулува проекции на кратки филмови, проследени со дебати. Целта е да се запознаат децата со светот на кинематографијата од друг агол од оној на платформите, социјалните мрежи и телевизијата и да им помогнеме да го развијат своето критичко размислување. Тимот на фестивалот ги придружува овие филмови, децата навистина се носат на размена на крајот од проекциите, наведуваат организаторите.

Филмовите кои се прикажуваат се внимателно селектирани од членовите на програмскиот тим на здружението за млада публика од редот на кратки филмови кои се натпреваруваат на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси: четири програми во зависност од сегментот на филмот и засегнатата возраст, кинематографските дела се меѓународни, емитувани на оригиналниот јазик и титлувани, разновидни по форма и содржина. Програмата, се наведува, е богата со емоции и откритија и тематски е прилагодена на возраста на публиката, со фестивалски сесии кои ја раздвижуваат и воодушевуваат публиката.

На крајот од секоја сесија, децата гласаат за нивниот омилен краток филм. Филмот со најмногу гласови (еден филм по селекција) ќе ја добие наградата на публиката, доделена на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси.

Сите проекции на Фестивалот на малата школа на краткиот филм се бесплатни и неговото одржување е помогнатот од двата збратимени градови Битола и Епинал од Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2022 09:01