Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 442 возачи.

Од нив 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 213 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 229 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2022 11:05