Жичарницата од утре, вторник (01.11.2022 год), ќе работи еден час помалку од досега, односно од 10 до 17 часот.
Во период од 16-16.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 16.45 часот е последно возење од врвот надолу. Новото работно време е согласно Одлуката за работно време на Жичарницата во период ноември – март. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот.