Во СВР Скопје вчера во 12:40 часот е пријавено дека во објект на ул.„Лука Геров“ на подрачје на Ѓорче Петров пронајден е починат Б. Ј. (32) од Скопје.
Од лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од Полициска станица Ѓорче Петров, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.