На подрачјето на скопската општина Аеродром, синоќа во 21.20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР – Скопје го лишиле од слобода 22-годишниот скопјанец М.П..

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2022 12:08