Децата се нашиот врвен приоритет, општина Бутел до крајот на 2022 година ќе вложи 15 000 000 денари во училиштата и градинките.
Ќе се набават голем број смарт табли, неколку нови кабинети за информатика, ќе се изградат нови високо квалитетни спортски терени, нови детски игралишта, ќе се реконструираат училиштата онаму каде што е најпотребно, ќе се набави нова опрема за градинките и нов инвентар.
Наскоро ќе излеземе со детали за секоја инвестиција. Ветеното го реализираме.