Во шеесет и шестата година од животот, прексиноќа во село Туминец, Мала Преспа, почина Спасе Вурмо(1956-2022), голем македонски активист во Албанија.

Спасе беше долгогодишен активист и борец за правата на Македонците во Албанија.

Од самото формирање беше член на друштвото „Преспа“, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија, како и на партијата Македонска алијанса за европска интеграција.

– Спасе беше почитувана личност во Преспа и даде голем придонес во афирмација на Македонците во Албанија. Длабоко и искрено сочувство до фамилијата. Бог нека го прости и нека му подари Царство небесно, напиша Васил Стерјовски претседател на МАЕИ, објавувајќи ја веста.

Овој истакнат македонски активист беше погребан вчера на селските гробишта во село Туминец, општина Пустец.

Нека му е вечен спомен!



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2022 00:20