Француското дуо „Duo Lesage“ (Дуо Лесаж) составено од Селин Лесаж на виолина и Ерик Лесаж на пијано вечер во салата на Музејот на македонската борба ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Скупи Камерфест“, организиран од здружението „Муза“ – Скопје.

„Дуо Лесаж“, познати како двајца виртуози на виолина и пијано, се партнери во животот и на сцената од 1998 година. Тие се едно од најомилените дуа во регионот Окситанија. Исполнуваат од уметничка до популарна музика, од класична до модерна музика.

На програмата на вечерашниот концерт се дела од творештвото на композиторите Jenö Hubay, Cèsar Franck, Fritz Kreisler, и Oreste De Maurizi.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2022 09:06