Полициски службеници вчера во Гевгелија ги привеле Ј.А.(27), Б.Р.(24) и еден малолетник, сите од Струмица. Тие се сомничат дека во текот на истиот ден извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што од пумпна станица сопственост на АД Водостопанство-подружница Јужен Вардар Гевгелија одзеле повеќе предмети, соопшти МВР.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2022 09:59