На 01.11.2022 во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари.

Платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2022 11:28