Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ и денеска не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради неисплатен долг од страна на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје.

Денеска се очекува средба со претставниците на ЈСП и Град Скопје.

Веќе втор ден автобусите од „Макекспрес“ не се излезени да сообраќаат поради тоа што, како што тврдат, немаат средства. Сопственикот на претпријaтието, Милорад Димитријевски во изјава за МИА истакна дека денеска очекуваат средба со претставници од ЈСП и Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2022 21:31