Во Кинотеката на Република Македонија денеска се одржа промоција на документарниот филм „Беласица“ кој ја отсликува важноста на реформата деинституционализација, а на која присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир.
„Беласица“ всушност има за цел да ги прикаже придобивките на процесот на деинституционализацијата, реформа на Министерството за труд и социјална политика, поддржана од Европската Унија.
Според министерката Тренчевска филмот е признание за посветеноста на Министерството во креирањето на политиките.
-За мене, за нас во Министерствотот и останатите институции деинституционализацијата никогаш не значеше само проект и не е само една политика, ова е емпатија, ова е грижа, ова е доказ дека сите ние сме исти. Гордост ми претставува тоа што ваквата реформа ја документиравме со филмот „Беласица“. Тука ги документиравме моментите на развивање на најголемата социјална реформа и ќе успеавме да оставиме уметничко наследство. Нека зборуваат и наредните генерации за реформата во политиките на социјална заштита и што тоа значи за нашето општество. Ние сме за едно општество за сите и нека остане ова дело како потсетник, како признание за она што го правиме, рече министерката во своето обраќање.
Изрази задоволство што режисерката на филмот Марија Апчева успеала да направи уметност и преку слика да ги долови задоволството, тагата, среќата, љубовта и секако предизвиците со кој се соочува конкретно ликот во филмот.
-Вечерва ми е драго што сме во на навистина голем број на местото каде што ќе се прикаже една приказна која е поврзана со сите нас. Вечерва имаме уникатна прилика прикажано на платно да го следиме Документарниот филм е направен за да ги погледнеме можностите. Да ја доживееме моќта на заедницата. Животот на Марица заедно со нејзините пријатели кои се првите лица кои што ги напуштија институциите и започнаа да живеат во малите групни домови со поддршка, порача Тренчевска.
Амбасадорот Дејвид Гир во своето излагање осврнувајќи се на важноста на еднаквост во општеството за сите категории граѓани, рече дека филмот во длабочина прикажува само една приказна, но попреченоста го опфаќа секој слој на општеството.
-Документарецот е продуциран во рамките на проектот на ЕУ кој ја поддржува деинституционализмот и достапноста на услугите. Филмот зборува за попреченоста која не треба да бара посебен третман, туку треба да се овозможи еднаквост за сите и треба да се создадат услови во која целиот потенцијал ќе добие можност, и очигледно е дека над овие достигнувања треба да се надградиме, порача Гир.
Главниот лик во документарецот – Марица е родена во Специјалниот завод во Демир Капија, од родители кои се запознале и живееле таму. Во Демир Капија живеела 28 години, а мајка ѝ до ден денес живее во заводот. Марица ја напушти оваа институција во 2008 година, како една од првите жители што беа деинституционализирани. Сега живее во Волково, заедно со уште 43 лица со различни попречености, сместени во 5 куќи со 9 станбени единици, со кои управува организацијата Порака Неготино. Низ годините живеење во заедница, таа научи да чита и да пишува, и сега работи како негувателка на лица со интелектуална попреченост.
Филмот Беласица има за цел да го долови богатството на секојдневието во заедница, за луѓето кои најголемиот дел од својот живот го поминале во институции.