Претставата „Госпоѓица Јулија“ по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Мето Јовановски вечер премиерно ќе биде изведена во Културно-информативниот центар во Скопје.
Во претствата играат Марија Кондовска, Андреј Серафимовски и Сандра Темова. Костимите и сценографија се на Благој Мицевски, а дизајнот на плакатот е на Влатко Јовановски. Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура.