Во организација на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Амбасадата на Народна Република Кина во земјава, денеска ќе се одржи настанот „Храната како уметност“.

Како штп информираат од НУБ „Св. Климент Охридски“, присутните ќе имаат можност да се запознаат со техниките на декорирање и сецкање на намирниците.

– Настанот ќе го води Силвија Лиу од ресторанот „Ѕвезден океан“ и заедно ќе ја чествуваме храната, поточно кинеската кујна и треба да имаме на ум тоа дека храната е лек за телото, а книгата е лек за душата!, посочуваат од „НУБ Св. Климент Охридски“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2022 09:27