Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17:00 часот на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец З.С..

Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека извршил тешка кражба во трговски објект на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, сопственост на 44-годишниот гостиварец Р.С., при што одзел повеќе предмети.

З.С. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2022 10:38