На бул.„Партизански одреди“ во Скопје денеска во 11.50 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М. од с.Горно Чичево, општина Градско, со живеалиште во Скопје.

Од МВР информираа дека тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2022 14:21