Во интерес на отчетноста и транспарентноста, продолжуваме со објави за она што го сработевме изминатата година. 365 дена работевме домаќински и одговорно.

Во услови на финансиска и енергетска криза, со наследени долгови, успеавме да ги намаливме обврските на општината и непродуктивни трошоци, ги зголемивме приходите од легализација на бесправно изградени објекти, а со тоа работиме во насока на зголемување и на данокот на имот. Постигнавм пониски цени во јавните набавки, со ширење на критериумите и зголемување на конкурентноста.

Штедиме! Ги намаливме вкупните обврски на општината за 24.000.000,00 денари, од рекордни 124 милиони на 100 милиони денари.

Ги намаливме непродуктивните трошоци за 75% .

Остваривме намалување во расходите, и тоа>

–репрезентација за 99.56%;

–консултантски услуги за 94,69%;

–прехранбени продукти и пијалоци за 82.19%;

–користење на службени телефони за 65.21%;

-набавка на канцелариски материјал за 53.74%;

-набавка на гориво за службени возила за 40.47%;

–одржување на разна опрема за 60,94;

Ја зголемивме транспарентноста во јавните набавки. Активно работевме и на зголемување на транспарентноста и обезбедување на еднаков пристап на сите заинтересирани учесници во постапките за јавни набавки, овозможивме зголемување на јавноста и конкурентноста во јавните набавки, што дополнително ни овозможи набавки со подобар квалитет, по пониска цена, што позитивно се одрази на целокупното штедење.

четирикратно ја зголемивме реализацијата на решавање на предметите за легализација.

Ова, освен што им овозможи на граѓаните стекнување на правен статус на нивните објекти, на општината и донесе зголемени приходи по основ на легализација.

Дополнително, истото влијае и во однос на натамошно зголемување на приходите од данок на имот, што би значело можност за нови инвестиции во проекти од интерес на граѓаните.

Работиме во интерес на граѓаните! Ова е само дел од сработеното во однос на штедење на општината изминатата година. Продолжуваме во иста насока, чесно, отчетно, одговорно и домаќински.

Градоначалник на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2022 04:40