По повод патронот на градот, Свети Климент Охридски, Општина Охрид распиша ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба за животот и дејноста на свети Климент Охридски.

Право на учество имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.

Општината, како што е наведено, ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три категории: за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение), за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) и за ученици во средно образование (од прва до четврта година).

– Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30 ноември годинава треба да се достават до Општина Охрид, на улица „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака: за конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира, соопшти општинката прес-служба.

Износот на наградата за првата категорија е 2.000 денари, за втора категорија 3.000 и за трета категорија 4.000 денари.

Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, а наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод празникот Свети Климент Охридски на 8. декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2022 04:40