Турските државјани кои учестувуваа во обидот за преврат во Турција, по само неколку часа по неуспешниот обид, со воен хеликоптер слетаа во грчкиот град Александропули со цел да побараат азил.

- Дојдовме во Грција да ги спасиме нашите животи и не сакаме да станеме алатка на надворешната политика и билатералните односи. Во Турција не не прогласија за терористи, а Грчката државна служба веќе го направи тоа и не исклучи од меѓународната заштита, велат Турските војници и додаваат дека се под постојан притисок да го променат адвокатот.


Политиката над правото. Грција ги одби барањата за азил на Турските војници.

Од страна на директорката на службата за азил во Грција е упатен демант во кој се повикуваат барателите на азил да достават докази за тоа што го тврдат додека во однос на содржината на одлуката таа посочи дека Турските војници имаат право да поднесат жалба.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 18:21