Изгаснат е пожарот кој денеска попладне го зафати Чобанско маало во каменичкото село Костин Дол.
– Се работеше за пожар кај местото викано Бушилка, при што беше зафатена борова шума, информираа од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.
Површината зафатена од пожарот не е утврдена.
Покрај екипи на ТППЕ Македонска Каменица во гаснењето на пожарот учествуваше и дел од месното население