Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера попладне во 17:10 часот го лишиле од слобода М.С. (30) од село Трубарево.
Како што соопшти МВР, М.С. бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казан затвор од една година за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.
М.С. бил спроведен во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.