Општина Илинден го започнува процесот на изработка на новиот Буџет за 2023 година. При тоа, ги повикуваат сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица за активно учество во креирање на новиот буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и проблемите со кои се соочуваат во општината.

-Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани, здруженија и правни лица ќе овозможи ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт- сметаат од Општина Илинден и ги охрабруваат граѓаните нивните предлози преку пополнување на анкетен лист на сајтот на општината www.ilinden.gov.mk да ги испратат по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk , или директно во архивата на општината секој работен ден до 30.11.2022 година.

Предлозите ќе бидат анализирани од соодветните сектори, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите и ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2022 17:43