Во Галерија „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје синоќа е отворена самостојба изложба на фотографот Драги Неделчевски од Тетово.

Изложбата е истражувачки проект на Неделчевски насловен „Дијагноза“ од хуманитарен карактер. За неа говореа уметникот графичар Зоран Бошковски, м-р Игор Поп Трајков, авторот Неделчевски и Виолета Калиќ историчар на уметнста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Тие го истакнаа значењето на оваа специфична тематика и улогата и моќта на фотографијата.

– Оваа изложба е едно моќно и впечатливо, сурово реално и сугестивно, драматично, соочување со една специфична тематика за која се одважил авоторт да проговори преку фотографијата како најнепосреден медиум, кој ја има таа моќ да ја долови најнепосредно специфичноста на оваа тематика и не само од докумнетарен аспект.Тој не соочува со граничните искушенија со кои се соочува човековото кревко и трошно битие изложено на разнородни малформации, со текот на времето кое е за сите нас лимитирано и ограничено, од самото раѓање, еродира, на патот кон својата конечност како неминовност, истакна Калиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2022 09:42