Во Музејот на македонската борба во Скопје вечер ќе биде затворена балканската турнеја на еден од најпознатите италијански кантавтори, Виничо Капосела, кој во придружба на Виктор Хереро, Андреа Ламаќиа и Винченцо Вази, ќе изведе репертоар на италијански фолклорни песни.

Концертот е застапен од ИМАРТС (International Music And Arts) со поддршка на регионот Емилија-Ромања, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот институт за култура од Белград и во соработка со Музејот на македонската борба.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2022 09:50