Полициски службеници од СВР Велес вчера утрото го уапсиле С.М.(44) од Велес. Тој се сомничи дека на 05.11.20222 околу 22.40 часот на ул. „8-ми Септември” во Велес со употреба на алат се обидел да изврши „тешка кражба” од трафостаница на ЕВН, но не успеал.
Притоа настанала експлозија откако се обидел да исече кабли. Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.