Во салонот на Уметничката галерија при НУ МУЗЕЈ Куманово, вечер во 19:30 часот ќе биде отворена изложба на дела „Кумановски ликовни уметници 2022“, информираа денеска од установата и ги поканија кумановци да ги проследат делата на уметниците од градот.
– Оваа година на изложбата учествуваат 21 ликовен автор од градот, од најстарата до најмладата генерација. Тие се презентираат со по едно дело на слободна тематика. Поставката ја сочинуваат слики изработени во најразлични ликовни техники, графики и просторни инсталации, изјави Драгана Спасковска од Уметничката галерија.
Годинава учествуваат уметниците Александар Симоновиќ, Мирослава Цветковиќ, Страхил Петровски, Марина Цветановска Мартиновска, Александар Величковски, Зоран Јакимовски, Стефан Анчевски, Марија Величковска, Гоце Божурски, Ана Јовановска, Мухамет Идризи, Деа Салихи, Валентина Илијевска, Дејвид Стоилковски, Дарко Трајковски, Акиме Насуфи Реџепи, Стефан Јакимовски, Симона Јакимовска, Игор Андреиќ, Трајан Трајковски и Мирослав Величковски. Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј Куманово, и е под покровителство на Министерството за култура и градоначалникот и Советот на Општина Куманово (Ноемвриски денови 2022). Изложбата има традиционален карактер и секоја година се организира по повод 11 ноември – Ден на ослободување на град Куманово. Изложбата ќе трае до 22 ноември, годинава.
Изложбата е една од најстарите во градот и се одржува од 1956-тата година.