Во „Концепт 37“ денеска ќе биде отворена изложбата „Rejuvenation“ на Моника Ризовска, на која ќе бидат изложени над 40 слики со комбинирана техника од масло на платно и акрил.

Оваа изложба ќе биде прикажана и на апликацијата InRoomPreview, преку која посетителите визуелно ќе можат да видат како ќе изгледа сликата во нивниот дом или просторот каде ќе сакаат да ја постават.

– Овие дела се сублимат од инспирацијата од секојдневието, притоа осврнуваат акцент на вибрантна, енергична свежина и спокој преку тиркизните, розевите и жолтите бои, а некои од сликите имаат и дополнителна функционалност со додаток на внатрешна амбиентална светлина, наведе Ризовска за своите дела.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2022 09:55