МВР информира дека вчера на ул.„Орде Кабецот“ во Прилеп, полициски службеници ги лишиле од слобода прилепчаните Т.А.(51) и Б.А.(25).
-Тие биле затекнати при извршување на тешка кражба при што кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, соопштуваат од МВР.
Двете лица биле задржани во полициска станица Прилеп и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.