МВР информира дека вчера, во 15.30 часот, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот А.К.(44).

-При претрес во неговиот дом извршен по претходно издадена судска наредба, полициски службеници кај него пронашле марихуана и дигитална вага, соопштуваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2022 10:18